Една улица во скопско Волково добива фекална канлиазација

Една улица во скопско Волково добива фекална канлиазација. 

- Во финална фаза е поставувањето фекална канализација на улица „43“ во Волково каде со години се ветуваше, а ништо не беше реализирано. Останува уште да се помине фазата-технички прием на инсталацијата, по што ќе следува асфалтирање на прекопаниот дел, но и долж целата улица која е во должина од 200 метри, соопшти градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски. 

- Сите наши заложби се во насока на брзо урбанизирање на Општина Ѓорче Петров. Согласно програмите и плановите за работа, опфатени ќе бидат сите делови на нашата општина. Ѓорче Петров дефинитивно се менува. Ѓорче Петров ќе биде модерно и урбано јадро, порача тој на својот фејсбук профил.