Џулија Робертс: Вистинската љубов не доаѓа, таа мора да биде во тебе!

Џулија Робертс е една од најпознатите актерки на светот, која се смета за силна жена со став. За да дознаете повеќе за тоа како ја градела кариерата, но и како се изградила себеси како жена и мајка, еве неколку прекрасни изјави кои покажуваат колку се познава себеси и како со малку прифаќање, трпение и љубов кон себе може далеку да се стигне.

„Најголемата тајна на успехот е да го сакаш она што го правиш.“

„Жените не се центри за рехабилитација на лошо воспитани мажи. Не е твоја работа да го поправаш и менуваш, да му бидеш мајка или да го воспитуваш. Ти сакаш партнер, а не проект.“

„Кога сакаш некоја личност да биде среќа, дури и ако ти не си дел од таа среќа, тогаш тоа е љубов.“

„Верувам дека луѓето се поврзани во срцето и дека не е важно што правиш, кој си или каде живееш: не постојат ограничувања, ниту граници кога на две личности им е судено да бидат заедно.“

„Вистинската љубов не доаѓа, таа мора да биде во тебе.“

„Јас сум подобра поради сите работи што ми се случиле – и добри и лоши.“

„Би сакала повторно да бидам девојче, затоа што полесно е да се поправат изгребани колена отколку скршено срце.“