Две лица приведени поради марихуана

Полициските службеници во текот на минатата ноќ привеле две лица откако кај нив била пронајдена марихуана.

Најпрво во 21.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 01.05 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(20) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож.

По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.