Апсење во Скопје за дрога: „Паднаа“ тројца дилери

Полицијата вчера апсеше на неколку локации во Скопје за псоедување дрога. 

- На 09.02.2024 во 12.45 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.Б.(26) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- На 09.02.2024 во 22.15 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.Т.(39) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- На 09.02.2024 во 13.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.Н.(33) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.