Двајца Италијанци со фалсификувани ПЦР-резултати се обиделе да ја напуштат Македонија

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривични пријави против М.Г.(60) и П.Х.К.(33), двајцата државјани на Италија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Тие на 23.04.2021 на излез од Република Северна Македонија на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“ - Скопје приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.