Домашни миленици - тие го менуваат нашиот живот од корен

Дали знаете колку друштвото на кучињата позитивно влијае на нашето здравје?

Photo by Enis Yavuz on Unsplash

Тие се наши најдобри пријатели, кои ни носат насмевка, нè поттикнуваат да се движиме и да заборавиме на грижите. 

Тие ни нудат терапија преку љубовта која ни ја даваат. Особено кога минуваме низ тешки моменти, тие се тука да ги прочитаат нашите емоции, да ни дадат прегратка и да нè насмеат. 

Кучињата и другите домашни миленици можат многу да им помогнат на постарите, бидејќи им обезбедуваат нешто за грижа и љубов, а истовремено им обезбедуваат и дружење, што е особено добро за оние кои живеат сами. Понекогаш кучето е тоа што нè  тера да станеме од кревет порано.

Понекогаш сакаме да зборуваме за нашиот миленик. Понекогаш сакаме да разговараме и со нив. Научниците веруваат дека можат да ни помогнат да стекнеме нови познанства и да обезбедиме социјална вклученост што не е лесно да ја постигнат постарите луѓе. Сето тоа помага за намалување на тагата, вознемиреноста и депресијата. 

Чувството дека некому му се потребни и дека корисно го поминуваат своето време. Луѓето кои живеат со животни зборуваат за позитивната животна промена која следела по добивањето домашно милениче. Дури претходно да не сакале да земат куче, потоа нивниот живот целосно се менува.