Доктор Чадиковски на твитер: Сите деца кои се заболуваат од Ковид 19 имаат еден симптом

Познатиот детски кардиохирург Владимир Чадиковски кој е дел од тимот на Клиничката болница „Систина“ попладнево на својот твитер профил објави важна информација поврзана со симптомите при заболување на дечињата од Ковид 19 вирусот. 

Според него сите дечиња од 5 до 18 години кои биле хоспитализирани во Клиничката центар во Белград или пак биле позитивени на Ковид 19 вирусот имале болки во стомакот. Информацијата ја добиле во консултација со докторката Рсовац која е педијатар - пулмолог и шеф на одделот за педијатриска интензивна нега во Клиничкиот центар во Белград.