Додека мајките се на шопинг ги губат децата по трговските центри - Во "Сити мол" изгубени, па вратени 240 деца

Не постои жена која не е љубител на шопингот. Не се вели залудно дека шопингот е добар лек за разни проблеми. А жените секогаш се среќни кога можат да си оделат време за себе, пари за себе и да си шетаат и купуваат од една во друга продавница.

Скопје може да се пофали со задоволителен број на трговски центри. Многу продавници, многу брендови. Цените од највисоки до најниски. За сечиј џеб. Оние кои се потрпеливи ги чекаат попустите и си купуваат дупло поевтино, но има и такви кои не марат колку е цената на парчето кое што им се допаднало. Во секој случај секој си знае колку му е длабочината на џебот.

“Сити мол” изнесе податоци дека во рок од 5 години, колку што работи трговскиот центар, низ локалите и ходниците биле изгубени и вратени на нивните родители околу 240 деца.

Каде лежи проблемо? Дали родителите толку многу се преокупирани со шопинг па забораваат на своите деца, или пак да не им сметаат во изборот ги пуштаат да се шетаат сами. Дека на родителите им е поважен шопингот, покажуваат и овие податоци, чија бројка воопшто не е мала.