Додека е Скопје обвиено со магла, на Водно “пука“ сонце

Камерите поставени на врвот на Водно покажуваат дека моментално таму “пука“ сонце додека Скопје уште од рано сабајлево е покриено со магла.

Она што е добро е што загаденоста не е толку голема како во претходните денови но сепак може да се почуствува. Според временската прогноза маглата за среќа е од привремен карактер така да во текот на денот скопјани пак ќе можат да уживаат во овие некарактеристични топли предновогоднишни денови.