Денеска сончево и топло, викендов дожд и грмежи- во недела доаѓа невреме

Времето денеска во целата земја ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има можност за локална појава од краткотраен дожд.

Ќе дува и северозападен ветер особено долж Повардарието и во западните делови.

Температурите ќе се движат од 3 до 10 (минимални), додека максималните ќе се движат од 12 до 24 степени.

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и потопло со слаб до умерен југозападен ветер.

Во сабота времето ќе биде шроменливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.

Додека пак во недела времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и со слаб до умерен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилување на ветерот.