Денес и утре сончево и топло, од понеделник повторно промени

За денес, сабота според метеоролозите не очекува сончево и умерено облачно време со слаб до умерен североисточен ветер.  Утринските температури ќе се движат од 0 до 7 степени целзиусови, додека во текот на денот ќе можеме да уживаме во повисоки температури, кои ќе се движат во интервал од 10 до 21 степен.

За утре, недела според  Управата за хидрометеоролошки работи не очекува слично време, умерено облачно со слаб до умерен ветер, меѓутоа со променлив правец. Во недела наутро не очекуваат температури од -1 до 6 степен, додека максималните дневни температури на воздухот ќе достигнат максимални 23 степени целзиусови. 

До понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Нови локални врнежи од дожд ќе има од понеделник кон крајот на денот.