Демири: Бараме начин како да му се помогне на Леонид и на секој пациент кој има потреба, системско решение по изборите

Министерството за здравство и Владата се посветени да изнајдат решение со кое ќе му се помогне на младиот Леонид Индов, кажа министерот за здравство Илир Демири. Тој притоа посочи дека во време на техничка влада и предизборен период системско решение за ваков проблем не може да се изнајде.

- “Досега е направено многу. Зборувавме со семејството и брзо ќе добиете епилог. Не сакам медиумска кампања апропо изнаоѓање на решение. Значи, Владата и Министерството за здравство се комплетно посветени и ќе најдеме решение да му се помогне не само на Индов, туку на секој еден пациент кој има потреба“, кажа Демири пред почетокот на панел-дискусијата по повод одбележувањето на Денот на ретки болести во Скопје“ кажа Демири

Министерот нагласи дека сега треба да се најде решение за Индов со кое ќе му бидат покриени трошоците а системско решение ќе се бара по изборите.

- “Системско решение во оваа техничка влада и предизборие не може да се најде. Треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение после изборите ќе зборуваме. Од повеќе сектори зависи тоа. Значи, промена на регулативи и на закони не зависи само од Министерството за здравство“, појасни Демири.