Делови од повеќе скопски општини денес без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД, информираат дека , поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Сарај, Ѓорче Петров и Зелениково.

- Од 10 до 15 часот корисниците на дел од улицата 4 во Сарај, патот кон Љубин, во општина Сарај, ќе немаат струја.

- Од 9 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од улицата Борка Талески, од улицата Никола Тримпаре до улицата Ленинова, улицата Никола Тримпаре од улицата Борка Талески до улицата Ленинова, улицата Дебарца од улицата Ленинова до улицата Никола Тримпаре во општина Центар.

- Од 9 до 15 часот корисниците на дел од улиците Борис Сарафов, Апостол Петков и Георги Казепов (во близина на раскрсницата) во општина Ѓорче Петров ќе бидат без електрична енергија.

- Oд 9 до 15 часот корисниците на дел од село Зелениково (делот кај млекарницата) во општина Зелениково ќе останат без струја.