Делови од две скопски општини денес без струја

ЕВН Македонија известува дека, поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

- Oд 09:00 до 14:00 часот, корисниците на дел од ул.Апостол Петков, ул.Георги Казепов и ул.Борис Сарафов во близина на раскрсницата со претходните две улици (Општина Ѓорче Петров)

- Oд 08:30 до 15:00 часот, корисниците на с.Усје (Општина Кисела Вода)