Делегација од Општина Ѓорче Петров положи цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот

Делегација од Општина Ѓорче Петров денеска положи цвеќе на споменикот подигнат во чест на жртвите од големито скопски земјотрес, на Градските гробишта во Бутел.

- Денес оддадовме почит и се поклонивме пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година во Скопје кој однесе над илјада животи. Скопје се сеќава...Пред 60 години Скопје го разбуди ужас и тага. Без покрив останаа илјадници жители на главниот град. Но, набрзо потоа, метрополата се претвори во град на солидарност. Помош за обновување на катастрофата пристигна од сите страни на светот што на Скопје му донесе епитет на град на збратимени народи, порача градоначалникот на општината Александар Стојкоски. 

Како што порача, овој град бил и секогаш ќе биде град на хуманоста и солидарноста.

- Низ годините помина многу тешки денови, но секогаш се издигнуваше над тешкотијата. Моето Скопје е синоним за модерен и безбеден град. Да останеме на истиот пат и заеднички делуваме за подобро Скопје. Никогаш да не се повтори и да не се заборави, рече Стојкоски .