Дел од општина Центар без вода

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, информира дека, денеска без вода ќе биде дел од општина Центар.

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата 50-та Дивизија бр. 35, од 10:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и улицата Димче Мирчев во општина Центар.