Дел од Бутел денеска без струја, еве каде ќе нема вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (сабота), без електрична енергија ќе останат:

- од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Јадранска магистрала, поточно објектите во околината на фирмата – Виндија во нас. Визбегово (општина Бутел).

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради улични дефекти прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Никола Русински“ 2 и во Ракотинци.

Водоснабдувањето на ул.„Никола Русински“ 2, ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради уличен дефект на ул. 5/8 и дефект на приклучна цевка на ул. 1/26 во Ракотинци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.