ЦУК: 22 пожари во последното деноноќие

Во изминатите три дена дена имало 53 пожари на отворено, а само во последното деноноќие 22, соопштија од  ЦУК.

Пожари имало во Охрид, Тетово, Скопје, Куманово, Штип, Битола, Велес и Струмица. Карактеристичен пожар што предизвикал дополнителна штета, освен на вегетацијата, е во Велешкиот регион каде што пожарникарите од ТППЕ Велес од 13.12 до 14.48 часот вчера, со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле опожарена ниска вегетација, ѓубре и дрво во близина на с.Фојница, кај Фојнички Мост. Биле опожарени и три греди од мостот.

Од ЦУК повторно апелираат да не се пали вегетација на отворено и редовно да се чистат локалните канали. Сите итни случаи да се пријавуваат на единствениот број 112 во ЦУК.