Србите критикуваат: Зажаливме што возевме низ Македонија, преку Бугарија е подобро

Голем број туристи од Србија летово одат преку Македонија кон Грција, а една Србинка не била задоволна од патиштата во земјава и го сподели своето искуство.

Марија кажа дека ограничувањата биле ужасни и ги советува нејзините сонародници да патуваат низ Бугарија.

- Би споделила нешто со тие кои одат кон Тасос, а се двоумат дали да возат низ Македонија или бугарија. Ние тргнавме преку Македонија, односно Дојран. На граничните премини се задржавме околу 30 минути. Враќањето беше преку Бугарија. Веднаш зажаливме што воопшто сме возеле низ Македонија, патот е лош, ограничувањата се очајни, односно 100, 50, 70, 30 и 90. На голем број места има радари и полиција. Ако се двоумете, тогаш патувајте низ Бугарија. Нема метеж, патиштата се добри, вели Марија.