Четири работи не можеме да вратиме назад: Изговорениот збор, исфрлената стрела, изживеаниот живот и пропуштената можност

Арапската литература содржи многу мудри зборови и изреки. 

Photo by Holly Mandarich on Unsplash

Во морето на поучни и корисни поговори, за вас издвојуваме некои  од нив поврзани за животот, љубовта и пријателството.

Подобро е да им простиме на пријателите, отколку да ги изгубиме.

Не живее оној кој живее во страв.

За да сакаме некого совршено, треба да го сакаме на тој начин, како утре да ќе го изгубиме.

Четири работи не можеме да вратиме назад: Изговорениот збор, исфрлената стрела, изживеаниот живот и пропуштената можност.

Победата над послабите е пораз.

Мирот доаѓа од разбирање, а не од договори за разбирање.

Раката која дава е секогаш над онаа која прима.

Бракот е како тврдина – кој е надвор сака да биде внатре, но кој е внатре, сака да излезе надвор.

Ако сакате сите да ве мразат, на сите кажете им ја вистината.

Мува не влегува во затворена уста.

Кога сакаме да лажеме, треба прво да го провериме своето помнење.

Занемарете го она што ви е највредно и ќе видите колку брзо некој ќе ви го украде тоа.

Природата на дождот е секогаш иста, па сепак од неа растат трња во пустината и цвеќе во дворовите.