Буковски: Ако сакате да направите нешто – одете до крај!

Ако сакате да направите нешто – одете до крај. Во спротивно, не ни почнувајте.
Тоа би можело да значи дека ќе ја изгубите девојката, жената, роднини, работни места, а сосема можно е и – главата!
Би можело да значите дека нема да јадете два или три, па и четири дена...
Би можело да значи дека ќе смрзнувате на клупа во парк.
Можеби ќе ви донесе и затвор, омаловажување и исмејување, или изолација...
Изолацијата е подарок, сè останато е тест на вашата издржливост... на вашата желба навистина да го правите тоа!
А вие ќе успеете.
Наспроти одбивањето и слабите шанси, и ќе биде подобро од она што сте го замислиле.
Нема слично чувство, ќе бидете сами со боговите, а ноќите ќе горат во пламен.
Ќе го јавате животот сè до совршената смеа.
И тоа е единствената борба која вреди за трудот!

~ Чарлс Буковски