Буковски: Кога понекогаш ќе те фати некоја тага, има причина за тоа...

Доволни се 6 или 8 неспособни политички лидери
или 8 до 10 наместени писатели, композитори и сликари
да го вратат природниот тек на човечкиот прогрес
50 години наназад,
а можеби и повеќе.
Тебе можеби тоа не ти делува многу,
но тоа е половина од твојот живот,
а во тоа време ти нема да бидеш во состојба да
слушнеш, да видиш, да читаш или да го чувствуваш тој
неопходен подарок на големата уметност кој
инаку би го доживеал.
Тоа можеби и не ти изгледа трагично,
но понекогаш, кога не ти е баш
добро,
навечер или наутро или
напладне,
можеби она што чувствуваш дека недостасува
е она што би требало да биде тука
за тебе,
но го нема.
И тука не мислам на русокосата во
проѕирни хулахопки,
зборувам за она што ти ја превртува утробата,
дури и кога таа е тука.

  • Чарлс Буковски