Бугарското МНР реагира зошто Бугарин не бил пуштен да помине граница со книги за пропаганда

Бугарското МНР со реакција до Македонија откако Бугарин не бил пуштен да ја помине границата кај Делчево од причина што со себе носел книги насочени за пропаганда во Македонија.

„Сметаме дека е неприфатливо да се забрани пристап до литература што е поврзана со личности и настани од заедничката историја на Бугарија и Република Македонија и инсистираме на итно прекинување на ваквите дејствија“ се вели во соопштението на бугарското МНР.

Ваквата реакција доаѓа откако Томе Блажевски, претседател на бугарското здружение „Цар Борис“ кое Македонија го укина го задржале на граница зошто со себе носел 10 книги. Од она што може да се забележи од фотографијата која е објавена на бугарските здруженија една од книгите што ја носи ова лице со себе има наслов: „Геноцидот на Бугарите во Македонија“

„Категорично е неприфатливо во 21 век да се сведоци на постапки со кои властите на една земја го спречуваат остварувањето на основните права за демократско општество, како што е правото на слободна комуникација и пристап до информации“, соопштило бугарското МНР.

Велат дека се загрижени од фактот што „овие настани се случуваат во земја која си поставила за цел интегрирање во Европската унија и јавно ја декларира својата приврзаност кон вредностите и принципите на Унијата“.