Без струја денеска дел од општините Бутел и Ѓорче Петров

Врз основа на добиеното известување од ЕВН, Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, известува дека поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од општините Бутел и Ѓорче Петров.

Во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците во непосредна близина на бензинските пумпи Макпетрол и Империјал Тобако во општина Бутел, а во период од 11:00 до 15:00 часот дел од потрошувачите од улицата 100, улицата 81 и улицата 83 во населба Волково во општина Ѓорче Петров.