Без струја делови од три скопски општини, еве каде ќе нема вода

Според добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД, Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Петровец и Чучер Сандево.

· од 9 до 15.30 часот корисниците од селата Кучевиште, Мирковци, Побожје, Бродец, Танушевци, Брест, Малино во општина Чучер Сандево ќе немаат струја,

· од 8.30 до 15.30 часот корисниците од целото населено место Катланово, Катлановска Бања, сите индустриски објекти на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово, Брезница, Градманци, Летевци во општина Петровец, ќе бидат без електрична енергија;

· од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од улицата 2 во село Долно Лисиче и околу трафостаницата во село Долно Лисиче 3 во општина Аеродром. 

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект од ф 200мм на ул Иван Козаров бб-кај зградата на фиком без вода ке останат корисниците на дел од ул Борис Трајковски,дел од ул Иван Козаров,ул Виктор Иго и ул Невена Ѓоргиева Дуња.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.