Бегајте од луѓето кои постојано се „шегуваат” но всушност не се шегуваат

Нивните шеги не се толку безопасни.

Photo by Sigmund on Unsplash

Нивното однесување е свесно,а  често таквите шеги на нечија сметка се со промислени и со јасна намера, но тие ги маскираат под името „ шега”. Не е шега ако кажеме нешто што ќе ја навреди другата личност, а потоа ќе речеме дека ние не сме мислеле ништо лошо освен да се нашалиме. 

Тие често се шармантни, интересни, духовити личности, но под нивната маска се грие огорчена личност која го чека само моментот „ да ви плесне нешто во фаца” без пардон. Тоа ги исполнува со неверојатно задоволство како да ве победиле, да ве погазиле и како да успеала нивната стратегија. Веројатно и можеби ве налутиле и натажиле, но која е поентата?

Таквото пасивно-агресивно однесување и коментари не носат ништо добро. Тие се трудат да ве вознемират, да ја видат вашата реакција, а потоа уште повеќе да ги влошат работите во обид да се објаснат дека не мислеле ништо лошо.

Бегајте од ваквите луѓе. Ако имате барем една ваква личност во животот, таа не ви е потребна. 

Станува збор за лицемерни личности кои никогаш нема да бидат искрени и директни и кои јасно ќе се соочат со ситуацијата, а и ќе се извинат ако нешто испаднало поинаку од она што сакале да кажат. Се случува еднаш, се случува два пати, ама ако некој постојано го прави тоа, тогаш јасна е намерата. 

Не морате да влегувате во објаснување со нив, бидејќи нема да ги победите. Тие секогаш ќе се претстават како жртва бидејќи ќе ве убедуваат дека сакале само да се пошегуваат, дека тоа е дел од нивниот карактер. 

Со овие луѓе постојано ќе бидете лути, исцрпени и во постојана забуна што сакале да кажат. Одвојте се и тргнете по различни патишта. Не им давајте уште една шанса, бидејќи нема да ја искористат за добро.