Барокот стопиран, тарабите и скелињата останаа во центарот на Скопје (фото)

Неколку месеци по стопирањето на изведбата на „барокните“ фасади во центарот на Скопје, тарабите и скелињата од некогашните градилишта и понатаму го окупираат јавниот простор наменет за движење на граѓаните.

Како што пренесува Build, пешачките зони на улиците „Македонија“, „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“ се оградени, а граѓаните не можат да се разминат на овие фреквентни локации.

Жителите се жалат дека е неподносливо да се чека автобус на Рекорд, но и да се влезе во некоја од продавниците лоцирани долж овие пешачки зони.