Автобусите од денеска ќе возат по зимски возен ред

JСП Скопје информира дека автобусите од денеска ќе сообраќаат по делничен зимски возен ред.

Од ЈСП Скопје соопштија дека промената на режимот на сообраќај е согласно Одлуката за линиски превоз на патниците во градот.

Возниот ред е достапен на веб-страницата www.jsp.com.mk.