Арсовска блокира изградба на училишта и градинки во скопски општини?

Омилениот приврзок на СДС и ДУИ Данела Арсовска донесе скандалозна одлука против својот народ, против скопјани и против градоначалниците и општините кои се борат за градба градинки, училишта и спортски објекти, порача денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. 

- Имено продолжената рака на СДС и ДУИ Арсовска донесе скандалозни решенија за запирање на процесот на градба преку ослободување на плаќање на надоместок на две градинки, две основни училишта и еден спортски објект. Иако советот на Град Скопје донесе одлука за ослободување, приврзокот на СДС И ДУИ, Арсовска донесе одлука за поништување на одлуката за надоместок за градбата на две основни училишта, две градинки и спортски комплекс, порача тој. 

На прес-конференцијата истакна дека, како што рече, јавноста треба да знае дека градоначалничката донесе одлука за поништување на одлуките за:

Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на ОУ Крсте Мисирков во Гази Баба

Ослободување од плаќање на надоместок за доградба на ОУ Блаже Коневски во Аеродром

Ослободување од плаќање на надоместок за доградба на градинката Весели Цветови во Кисела Вода

Ослободување од плаќање на надоместок за доградба и надградба на градинката Изворче во Аеродром.

Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на затворено спортско игралиште во Пинтија Кисела Вода.

- Причината за ова ја гледаме во политичкиот мотив на Арсовска да ја продолжи праксата на менторите од СДС на блокада на општините, овој пат на Општините Гази Баба Боби Стефковски, Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и Аеродром Тимчо Муцунски. Скопјани мора да знаат дека нема да имаат градинки и училишта затоа што Арсовска, која делува како продолжена рака на СДС и ДУИ ги казнува скопјани поради политички причини, вели Стоилковски.