Амди Бајрам ќе биде кандидат за претседател на Македонија

Пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам влегува во трката за претседател на држава, откако ја добил поддршката од партијата на Централниот одбор.


„На седница на Централниот одбор на Сојузот на Ромите беше одлучено за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира лидерот Амди Бајрам“, објави Аднан Мемеди, член на Централниот одбор на Сојузот на Роми.

Бајрам најавил дека ја прифаќа номинацијата од највисокото партиско тело.