Акција за уредување на затворено паркиралиште во центарот на градот

Во тек е акцијата за целосно уредување на затвореното паркиралиште Дом на Градежници.

- Се сечат и се поткаструваат гранки од големите дрва, се закројуваат грмушките и другото нискостеблесто зеленило, се коси тревата и се чистат двете околни детски игралишта.

Се отстранува шутот и камењата од сервисните улички, а целосно се чисти и просторот околу Маршалот и Кинг Бургер и со цистерна се расчистува целиот простор во рамките на затвореното паркиралиште Дом на градежници, информира ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

По завршувањето на оваа локација, акцијата продолжува и на други локации, а наредно е паркиралиштето од затворен тип до ТЦ Палома Бјанка.