Акција за бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија

До 31 август 2023 година, „ЕСМ Снабдување со топлина“ нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“. 

- Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, започнуваме акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење, соопштија денеска од „ЕСМ Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје.

Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор.