7 работи кои никако не смеете да ги споделувате на Фејсбук!

Фејсбукот е толку долго присутен, што веќе е природно и нормално да објавуваме се и сешто а нас. Но, сепак, мораме да бидеме многу внимателни.

Што никогаш не треба да постирате на Фејсбук?

Вашата возачка дозвола

Колку и да сте возудени поради вашата нова возачка дозвола, сепак воздржете се од постирање слики од возачката дозвола. Вашата дозвола ќе ја открие вашата дата на раѓање, слика и адреса – сите информации кои крадците би обожавале да ги добијат за да го украдат вашиот идентитет.

Вашите планови за одмор

Споделувајте онолку слики од одмор колку што ви сака душата, само не постирајте ништо онлајн за тоа кога одите или колку долго ќе седите. Оваа информација вреди злато за крадците.

Авионската карта

Баркодот на авионската карта не стои така за естетика, тој содржи многу информации за вас кои би биле корисни за крадци на идентитет.

Што навистина мислите за шефот

За ова мислиме дека воопшто не е потребно објаснување. Доволен е еден принтскрин и тоа е се.

Работи поврзани со вашите деца

Секако дека зависи од родителот колку и дали ќе објавува слики од децата. Но, ако го правите тоа, осигурајте се дека не објавувате нешто што може да издаде каде одат во училиште или слично.

Детали за вашата куќа

Ако го поминете целиот ден чистејќи ја куќата, можеби би сакале да објавите слика од тоа. Но, пазете да не откриете премногу, затоа што тоа е како да давате план и мапа од вашиот стан.

Што било што ќе направи да зажалите

Избегнувајте објавување работи кои ќе за неколку години би ви се одбиле од глава. Ова вклучува и пишување статуси кога сте поднапиени.