Животот е полн со предизвици и тешкотии. Животот е микс од прекрасни и лоши моменти, од подеми и падови, од победи и порази. Човекот постојано е во потрага по среќа и мир, а се чини дека колку повеќе ги бара, толку повеќе бегаат од него.
Да, постојано читаме разни филозофирања за тоа што е потребно за среќен живот, но денес не ви нудиме никакви филозофирања, само седум едноставни правила за среќен живот кои ако ги следите, со гаранција ќе дојдете до посакуваните среќа и мир.
1. Помири се со твоето минато за тоа да не ја вознемирува твојата иднина.
2. Тоа што другите го мислат за тебе воопшто не е твоја работа.
3. Единствената личност која е задолжена за твојата среќа си ТИ.
4. Не го споредувај твојот живот со туѓите животи, споредувањето е крадец на задоволството.
5. Времето лечи речиси сѐ. Дај му време на времето.
6. Престани премногу да размислуваш и анализираш. Во ред е да не ги знаеш сите одговори.
7. Насмевни се. Ти не ги поседуваш сите проблеми на овој свет.