5 погрешни очекувања од врските

Никој не е целосно подготвен да се соочи со тоа што го носат врските. Од друга страна пак, сите имаме некакви очекувања и замисли за тоа како мислиме дека треба да се одвиваат работите и како да ги градиме партнерските односи. Сепак, врските се раскинуваат, браковите се растураат, има многу скршени срца, а околу нас и многу тажни и огорчени личности. Тоа значи дека иако понекогаш мислиме дека знаеме многу, сепак веројатно градиме очекувања кои се погрешни и кои не повредуваат. 

Љубовта победува сѐ

Ова е многу романтично, филмско, но и надреално размислување кое е многу фаталистичко. Треба да бидеме свесни дека љубовта по својата суштина не е наоружана, не е воено настроена за да би ги победила сите препреки. Замислете ја љубовта како супстанца која е растурена наседа и која тежнее да ги обедини сите свои делови, а штом луѓе кои се сретнат и си се допаѓаат се трудат да се поврзат, нивните љубовни честички исто така се спојуваат, соединуваат и зголемуваат. Но, за да се одржи таквата соединетост потребни се услови, а условите ги креираат оние кои имаат желба да бидат заедно и да ја одржуваат таквата љубов. Затоа, треба да знаете дека љубовта само спојува, а ние самите сме должни да ја завршиме останатата работа.

Во врската можам да ги задоволам сите свои емоционални потреби

Сакате една личност и очекувате да ве исполни до дното на вашето битие и тоа веројатно може да се случи, но само на моменти. Сето останато е напор да останете во баланс и да се потрудите да постигнете компромис во однос на вашите барања и очекувања, тогаш кога сте лути или повредени и кога ја повредувате другата страна, свесно или несвесно. Нереално е да очекувате дека една личност ќе го исполни целиот ваш свет и дека ќе ги ангажира сите ваши емотивни капацитети. Љубовта не функционира на тој начин, туку таа може да ве поврзе на повеќе нивоа и начини, но само ако вложите труд во тоа и ако пред сѐ, се сакате самите пред да очекувате да бидете сакани од другата страна. 

Во љубовта одговорноста и обврските се делат за сѐ.

Иако ова е делумно точно, сепак самите сте одговорни за своите постапки, а вашиот партнер/партнерка за нивните. Одговорноста за тоа што ќе го направите и што сакате да го постигнете сепак е ваша. За пример, доколку сакате да ја прекинете врската, а тоа не и се допаѓа на другата страна, тоа не е поделба на одговорностите, туку ваша одлука, која треба да биде почитувана од другата страна. Но, тоа е ваша одлука. Ваш дел од приказната. 

Тие ќе се променат во бракот.

Да, тие веројатно ќе се променат, но не на начин на кој вие очекувате. Никогаш немојте да мислите дека можете да промените одредена личност. Можеби ќе имате влијание и тоа ќе ви успее на краток рок, но на долг рок луѓето остануваат да бидат себеси, онакви какви што се, со сите нивни вредности, ставови и верувања. 

Нештата ќе се средат кога ќе дојдат децата.

На некој начин, тоа е вистина. Доаѓањето на децата ве ангажира така што на одреден начин заборавате на себе, да се организирате и да минувате време со вашите пријатели, бидејќи е потребно големо внимание. Но, повторно – и во оваа ситуација, не очекувајте дека личноста ќе се смени премногу. Проблемите нема да се решат со раѓањето на детето, туку така настануваат многу нови проблеми кои значат повеќе обврски и повеќе внимание не на врската, туку на детето кое е нов член на семејството.