5 мантри кои ќе ви помогнат во тешки времиња

Иако често е лесно да се биде ментално силен, сепак доаѓаат и времиња кога едноставно не можеме да најдеме сила кога се соочуваме со тешки услови и ситуации. Тоа се оние моменти кога ја губиме саканата личност, кога се соочуваме со здравствени проблеми или пак кога се соочуваме со проблеми во однос на работата или пак финансиите.

Начинот на кој размислувате за пречките во животот влијае на вашата способност да се соочите со тешките времиња. Во таа насока, развивањето на внатрешен дијалог е еден од најдобрите начини за соочување со таквите периоди, но и за јакнење на нашата умствена сила.

Ова се неколку мантри кои ќе ви помогнат да гледате појасно и попозитивно во таквите моменти.

Го имам тоа што ми е потребно.

Размислувањата како „ова не е фер“ и „не можам да го направам тоа“ ќе направат да се чувствувате поразено. Наместо, тоа обидете се да размислувате на обратен начин. Сетете се дека сре преживеале многу нешта во животот, дека сте стекнале вештини, ставови и вредности и дека сте изградена личност која може да се соочи со предизвиците.

Живеењето според моите вредности е тоа што е најважно.

Во вашиот живот ќе се јават многу луѓе кои нема да се согласуваат со одлуките кои вие ги носите. Но, доколку таквите одлуки се базирани на вашите вредности и доколку силно верувате во таквите одлуки, немате потреба да ги задоволувате другите. Бидете храбри и сигурни во себе и избегнете ги одлуките кои не се засновани на вашите вредности и верувања, бидејќи подоцна ќе се каете.

Неуспехот е дел од патот кон успехот.

Иако ваквите реченици се навистина клише во тешките времиња, сепак во животот нештата одат по тој редослед. Сонце, дожд, сонце, дожд. Запаметете само дека секој неуспех е можност да бидете посилни и да станете подобри.

Пет години отсега, сето ова нема да е важно.

Привремените проблеми се јавуваат често и тие најчесто се производ на нашата имагинација кога сме лошо расположени или пак кога не веруваме во себе. Но, тие не траат вечно и по одредено време воопшто нема да се важни. Голем дел од одлуките и грижите нема воопшто да бидат важни пет години отсега.

Јас контролирам како размислувам, како се чувствувам и како се однесувам.

Обвинувањето на другите луѓе за тоа што се случува во нашиот живот воопшто нема да ја смири ситуацијата. Прифаќањето на контролата врз сопствениот живот пак од друга страна ќе ни даде сила да се соочиме со условите и предизвиците и да извлечеме најдобро од себе.