30 начини како да сакате некого

Љубовта е како лудило. За некои луѓе таа се случува како земјотрес, а за други пак е мирна река на смиреност со личноста која ни значи толку многу.

Ова се 30 начини како да се сакате. Вие можете да додадете уште 30.

  1. Држете ја нивната рака за време на прошетките.
  2. Никогаш не одете на спиење лути.
  3. Уживајте во полноќен оброк и утринско кафе заедно.
  4. Кажете што мислите и мислете сè што ќе кажете.
  5. Признајте кога не сте во право и извинете се.
  6. Креирајте нови мали навики заедно.
  7. Бакнете ги и кажете им дека ги сакате.
  8. Изберете ги своите битки. Не се расправајте за сè и сешто.
  9. Учете заедно.
  10. Бидете бавни во своите заклучоци, а брзи во простувањето.
  11. Дискутирајте за иднината и заедничките цели.
  12. Флертувајте со нив постојано.
  13. Покажете им дека сте трпеливи.
  14. Научете ги нештата кои ги сакаат.
  15. Заштитете ја таа личност, помогнете и да се чувствува сакана.
  16. Оставете им љубовни пораки.
  17. Почитувајте ги нивните ставови.
  18. Вежбајте заедно.
  19. Никогаш не ги споредувајте со друга личност.
  20. Запаметете ги малите нешта кои и пречат на таа личност.
  21. Туширајте се заедно.
  22. Бидете нивниот најголем обожавател.
  23. Почитувајте ја нивната работа, желби и цели.
  24. Планирајте патување заедно.
  25. Решавајте ги проблемите заедно.
  26. Бидете одговорни.
  27. Кажете им дека не можете без нив.
  28. Бидете спонтани. Изненадувајте ги.
  29. Направете им појадок во кревет за време на викенд.
  30. Искористете ги специјалните прилики за да ги направите среќни.