3 прашања кои откриваат дали е тој твојата сродна душа!

На прашањето дали е тој вашата сродна душа ќе го дознаете одговорот дури кога ќе дознаете дали и вие сте неговата сродна душа. Не мора да одете далеку. Потребно е само да го слушнете вашето срце и добро да се загледате во себе.

Од мали не учат како треба да бидеме сакани. Ретко кој не учи како да сакаме. Списанијата се полни со совети како да усреќите некого во кревет, но малку се советите како некому да го усреќите животот.

А среќата е двонасочна улица. Едноставно е невозможно едниот да биде среќен во врската, додека другиот пати или се мачи. Тука не збориме за психопати и социопати, за луѓе кои немаат капацитет за љубов, способност за емпатија и кои воопшто не се грижат за другите. Не е возможно нормален и здрав човек да биде среќен покрај личност која пати.

Затоа, пред воопшто да почнете да се прашувате дали е тој љубовта на вашиот живот, поставете си ги себеси овие три прашања:

Дали го сакате него или тоа што е добро за него?

Љубовта е најплеменитото чувство кое постои. Во неа нема место за себичност. Посесивност, љубомора, желба за поседување се одраз на страв, а не на љубов. Љубовта е слобода.

Кога некого сакате, вие му го посакувате најдоброто. Го сакате тоа што е најдоброто за него. Кога некоја личност искрено љуби, ќе го пушти човекот ако види дека не е среќен покрај неа и која не е во состојба да го даде тоа што му е потребно и тоа што заслужува.

Себичната и незрела љубов е љубовта која се обидува да ја задржи саканата личност по секоја цена.

Дали е вашата љубов како тивка река која полека тече или како пожар чии пламени јазици голтаат се пред себе, додека самата себе не се проголта и загуши?

Страствената љубов не е со долг век. Таа трае од 6 до 12 месеци и потоа се гаси. Додека трае, ви се чини дека е најсилно чувство коешто некогаш ќе го почувствувате и дека тоа е вистинското. Љубовниците кои горат од страст мислат дека тој оган е вечен и дека на нивната љубов никогаш нема да и дојде крај. А крајот често е зад аголот...

Најголемите љубови се благи, мирни и силни како водата која тече постепено. Само таа љубов може да го издржи тестот на времето и бројните неприлики кои неминовно ги носи животот.

Дали ќе го сакаш и кога заљубеноста ќе престане?

За двајца луѓе да бидат совршени еден за друг потребно е да бидат во длабока емотивна, интелектуална и физичка врска. Заљубеноста е интензивна, но површна. Таа е привремено слепило и слетко бунило. Вистинската љубов има бистар поглед и чист ум.

Најлесно е да одговорите на прашањето  „Дали го сакам?“ е ако се замислите заедно со вашиот сакан и по 10 години. Замислете дека почетниот залет одамна завршил, заљубеноста избледела. Знаеме дека моментално е тешко да се замисли такво нешто.

Дали ви се поклопуваат целите, соништата, желбите, вредностите? Дали би биле среќни и со нозете на земјата, како што денес сте среќни високо во облаците?

Ако одговорот на ова прашање е се освен ДА, размислете дали навистина сте еден за друг или едноставно да уживате во моменталниот жар, па кога ќе пројде (а ќе пројде), да си тргнете секој по свој пат.

Запаметете еднаш засекогаш: Вистинската љубов ослободува. Таа од луѓето прави подобри верзии од тоа што биле и го извлекува најдоброто од човекот.

Доколку поради вашата врска и љубов сте исплашени, несигурни, тажни, загрижени, љубоморни и доколку ја доживувате како војна на половите, борба за нечие срце, страдање и слично, тогаш вашата љубов е себична и минлива работа. Ако морате во врската да се борите за нечие внимание и да се осигурате дека чувствата ќе ви бидат возвратени или да внимавате некој да не ви го одземе партнерот – тоа не е љубов, а во тоа ќе се уверите и самите кога ќе помине првичниот занес.

Човекот на твојот живот не е оној со кого срцето забрзано ти бие и колената ти се тресат, туку