Имаш цела вечност за да ја пронајдеш својата сродна душа, но најважно е прво да се пронајдеш себеси!

Многу е важно да ја пронајдеш својата страст. Адреналинот во твоите вени. Пронајди го тоа за кое ќе останеш будна до 3 наутро и за кое ќе се разбудиш по два часа. Дознај што те тера да заборавиш на својата тага и да почувствуваш вистинска благодарност за животот.

Знам дека сакаш некој кој ќе те прегрнува и чува, некој кој со посебна нежност ќе го чува твоето срце, но сепак причекај.

Не ти треба некој покрај тебе за да можеш да заспиеш. Се уште не. Можеш да причекаш.

Твој приоритет не треба да биде пронаоѓањето на твојата сродна душа. Поважно е да се пронајдеш самата себе.

Многу е важно да ја пронајдеш својата страст. Адреналинот во твоите вени. Пронајди го тоа за кое ќе останеш будна до 3 наутро и за кое ќе се разбудиш по два часа. Дознај што те тера да заборавиш на својата тага и да почувствуваш вистинска благодарност за животот.

Откриј зошто девојката која ја гледаш во огледалото е толку тажна кога е сама. Што сака? Што и недостасува. Ако е „некој“, каков тип на личност би ја исполнил празнината која ја чувствува? Дали е најдобриот пријател кој ќе ја насмее кога ќе биде тешко? Дали е тоа странец со кој ќе пие за да ја заборави својата болка? Или е тоа некој таинствен глас кој и вели дека верува во неа и дека се гордее со неа?

Пронајди го она поради кое твоето срце бие забрзано. Пронајди го тоа кое буди пеперутки во твојот стомак. Пронајди го она што ќе го претвори клишето во твоја стварност.

Откриј која си и што сакаш во овој хаотичен свет, затоа што ти само си ја допрела површината на твојата страст. Сакаш куќа на море, но што ќе ја претвори таа куќа во дом? Дипломата која ќе ја обесиш на ѕид, ќерка, кученце кое ќе трча по дворот? Сакаш работа како новинар, но што сакаш да постигнеш со тоа? Освен пари и сигурност? На кои животни благослови се надеваш?

Откриј што сакаш да добиеш од овој универзум. Не се плаши да звучиш алчно, себично и нереално. Не ги ограничувај своите фантазии, затоа што токму со нив ќе ги откриеш своите важни делови. Во нив ќе го пронајдеш она што те придвижува. Така ќе дознаеш каков човек си во својата суштина.

Откриј што те инспирира, што те мотивира. Откриј што е тоа што те движи напред и во твоите најлоши денови. Дознај која е твојата мисија на овој свет, затоа што без оглед на тоа што понекогаш се чувствуваш безвредно, ти имаш своја цел. Твојот живот има смисол. Постои многу добра причина поради која постоиш и таа причина е прекрасна. Ти си прекрасна.

 

Имаш цела вечност за да го пронајдеш вистинскиот, па затоа прво пронајди си себеси.

 

Заслужуваш да се запознаеш себеси.