3 навики поради кои луѓето ќе ве ценат повеќе

Што можеме да направиме за да бидеме ценети и почитувани од другите?

Photo by Julien L on Unsplash

Ова се три навики кои можете да ги примените, што ќе придонесе луѓето да ве ценат повеќе.

Креирајте цврсти граници

Создадете добри, јасни и здрави граници. Ова е клучен чекор во стекнување почит и негување на меѓучовечките односи. Кога луѓето ќе видат дека се почитувате самите себеси и точно знаете што прифаќате, а што не, тогаш и тие ќе ве ценат повеќе. 

Не го намалувајте својот успех

Не се менувајте само за да се вклопите во рамката на другите. Не се смалувајте себеси заради нив. Не обидувајте се да го минимизирате она што го правите за да го направите другиот да се чувствува удобно. Тие ќе се чувствуваат пријатно ако сте јасни и искрени за себе и ќе уживаат уште повеќе да разговараат со вас.

Внимателно комуницирајте

Бидете искрени, слушајте ги другите и не се трудете само вие да бидете во центарот на вниманието. Јасната и отворена комуникација е клучна за градење здрави меѓучовечки односи, но и за креирање почит и доверба меѓу луѓето.