199 сообраќајни казни во Скопје - 13 возачи користеле мобилен телефон

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, 16 санкции за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и  нерегистрирани возила.

Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за непочитување на првенство на минување, седум за некористење сигурносен појас и 68 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.