Ова се вистини кои треба да ги сфатиме за својот живот. Сфаќајќи ги и применувајќи ги во својот живот, ќе успееме подобро да живееме, да бидеме свесни за своите постапки, но и да бидеме посреќни.
Најголем непријател во нашиот живот сме ние самите.
Најголема глупост во нашиот живот е лагата.
Најголема тага е зависта.
Најголема грешка во животот на човекот е неблагодарноста.
Најголемо богатство во нашиот живот се здравјето и разумот.
Најголем дар е великодушноста.
Најголем недостаток е неразбирањето.
Најголема утеха се добрите дела.
Најжално е загрозувањето на сопственото достоинство.
Највосхитувачко нешто во нашиот живот е станувањето по падот и неуспехот.