Зимски чај во чиј вкус ќе се заљубите оваа зима

Зимата е одличен период во кој уживаме во топлите напитоци.

Photo by Julia Topp on Unsplash

Освен што го обожаваме нивниот вкус, тие ни помагаат да го зачуваме својот имунитет во текот на студените денови, а се одлични и за релаксација. 

За овој зимски чај ви се потребни неколку состојки:

2 стапчиња цимет

1 мало парче (излупен и исецкан) ѓумбир

лушпа од портокал (добро измиена)

3 каранфилчиња

3 кесички чај по ваш избор

мед или друг засладувач по ваш избор

Начин на подготовка:

Во мал сад ставете ги сите состојки, освен медот и чајот. Паралелно, ставете 4 шолји вода  да проврие на оган. Потоа додадете ги зачините и оставете да отстои малку. На крајот, додадете ги кесичките чај, но не ги држете предолго, туку само следете го упатството. 

Уживајте во овој топол вкус и засладете со мед.