Денес добро размислете за ова: Дали ги давате вашата енергија и креативност, како и талент, таму каде што недоволно ве ценат?
Престанете да одите со глава низ ѕид! Ослободете се од тие места и луѓе. Нека одат по својот пат.
Животот е прекраток за да ги уверувате луѓето да бидат свесни кои сте вие и колку вредите!
Сакате се себеси доволно за да можете да си заминете од секоја ситуација во која постојано ставате други луѓе како приоритет, а тие ве гледаат само како можност.
Усните на мудрите се запечатени и не им зборуваат на оние кои одбиваат да слушнат и кои повеќе сакаат да живеат во незнаење.
Почнете да создавате место за себе, место во својот живот и светот, за да го правите она кое што мислите дека треба да го правите и за оние кои се подготвени да ве слушаат.
Вашите таленти и време се скапоцени.
Внимавајте на нив, негувајте ги и развивајте ги.
Само на тој начин можете да живеете живот со смисла, значење и без фрустрации.
Вие сте подарок за овој свет. Заслужувате да ве препознаваат поради тоа кои сте.
Не заборавајте: Имате Величенственост во себе!