Жителите на Црниче се жалат на дупки на улиците

Жителите на скопската населба Црниче преку социјалните мрежи се жалат на состојбата на улиците во нивната населба. Особено внимание предизвика фотографијата која ја сподели жител на Црниче на која се гледа како цело тркало од камион е пропаднато во една од дупките. Според нив, се работи за дупка која се наоѓа до шахта.

Веројатно при ретходната санација на улицата, асфалтот не бил поставен како што треба, па така истиот пропаднал во дупката наменета за шахтата. По несреќата со камионот, дупката е обележена со знаци за да не се повтори слична ситуација. Возачите ја одбегнуваат, но не е јасно кога ќе се огласат надлежните и ќе решат да поработат на случајот и да ја санираат дупката која им предизвикува проблеми на возачите. За конкретниот проблем од ЈП„Водовод и канализација“ велат дека се работи за оштетување на цевките за атмосферска канализација и неквалитетно тампонирање околу шахтата. Дефектот веќе бил саниран, но поради лошите временски услови дошло до повторно отворање на дупката.

Преку социјалните медиуми граѓаните, не само од оваа скопска населба, туку од целиот град, комуницираат и се информираат за проблеми кои се јавуваат во сообраќајот. Дупки, застои, реконструкции или метеж.