Жената родена во овој знак е одговорна, практична и фокусирана на целта, но среќна кога ќе го добие она што долго го посакувала.
Станува збор за жените Јарци.
Како типична претставничка на земјените знаци, таа цврсто стои на земја и не е склона кон сонување и идеализирање. Таа живее во реалноста и од неа го зема тоа што може. Поради својата непоколеблива амбициозност и желба постојано да оди напред, често е ценета многу од другите околу неа.
Неверојатно силна, таа може да ги преброди сите животни проблеми, а каков проблем и да и се случи, таа ќе остане собрана и мирна и веднаш ќе тргне кон нови решенија. Може да делува студена и резервирана, но под таа површина се крие жена со одлична смисла за хумор која тежнее кон сигурност. Дел од своите амбиции, таа ги жртвува за семејството.
Кога не и е денот, може да биде тврдоглава, нерасположена, срамежлива и песимистична. Не се заљубува на прв поглед, ниту пак губи време на бесмислен флерт кој не води никаде. Ако некој и се допаѓа, таа не остава судбината да го направи своето, туку ги зема работите во свои раце и се труди да го добие мажот кој го сака.
На партнерот сака да му угодува и се грижи за него, но никогаш не се откажува од својата независност, односно не дозволува да зависи од партнерот кој го избрала. Со својот избраник, сака да биде рамноправна, а ќе биде негова најголема поддршка во сите моменти.
Страствена е и сака да експериментира во сексот. Идеалните партнери за неа се родени во знаците Девица и Бик, но и Ракот може во целост да ги задоволи нејзините емоционални потреби.
Меѓу своите пријатели е природен лидер. Сака да има своја група на приврзаници кои и се лојални, но и на кои може да се потпре секогаш. Но, тие се луѓе за кои таа би направила сè. Кон своите пријатели се однесува мајчински, па секогаш можете да и пристапите за помош и совет. Многу од нејзините пријатели се родени во знаците Шкорпија и Риби.
Таа освојува со својата класична убавина, допадлив изглед, но и елеганција и шарм.