Згрешивме, згрешивме „сите ние" што дозволивме Универзална сала да стане жртва на изгубениот градски идентитет

Новинарот Сунаи Сабриоски со фесјбук статус на денешниот пожар во Универзална.

- Гледаш како гори и несвесно солзи ти навираат, душа ти се топи! Нема кој да ни прости! Згрешивме, згрешивме „сите ние" што дозволивме Универзална сала да стане жртва на изгубениот градски идентитет. Згрешивме што дозволивме постојано да гори она што е наша гордост. Денес изгореа многу неповратни спомени, чувства, емоции не само на скопјани ами на сите нас во државичкава. Лудило! - напиша тој на својот фејсбук профил. 

„ОВОЈ ОБЈЕКТ ЌЕ ОСТАНЕ КАКО ТРАЕН СИМБОЛ НА МЕЃУНАРОДНАТА ЧОВЕЧКА СОЛИДАРНОСТ ВО ОБНОВАТА НА СКОПЈЕ ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС 26 ЈУЛИ 1963 ГОДИНА“  - ова беше испишано на таблата при влез во Универзалн сала, пишуваше и дека „Оваа Универзална сала за приредби е подигната со помошта што на Скопје му ја упатија граѓаните, хуманитарните организации и владите на Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразилија, Гвинеја, Иран, Ирак, Индонезија, Израел, Јордан, Јемен, Јапонија, Камбоџа, Куба, Канада, Кипар, Либан, Либерија, Луксембург, Мали, Монголија, Мароко, Монако, Нигерија, Нов Зеланд, Пакистан, Судан, Сенегал, Сирија, Турција, Тунис, Уругвај, Цејлон, Чиле, како и странските туристи што на денот на катастрофата се најдоа во Југославија."