Земете си ги чадорите, се очекуваат врнежи

Од Управата за хидрометеоролошки работи ( УХМР) информираат дека денес не очекува променливо облачно време. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни (над 20 l/m2), проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд (над 20 l/m2), проследени со силен ветер (над 70 km/h) и појава на грмежи.

Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет.