Здружението за заштита на потрошувачите апелира: Денеска е "блек фрајдеј", има лажни попусти и трикови од страна на трговците

Во екот на кампањата "Црн петок" од Здружението за заштита на потрошувачите алармираат дека се добиени повеќе сигнали за лажни попусти кои трговците ги најавуваат, но всушност се покажа дека тоа се трговски трикови. Оттаму, тие ги повикуваат потрошувачите да бидат внимателни кога купуваат.

"Редовна пракса е да се прогласуваат попусти, кои достигнуваат и до 80-90%. Сепак кога клиентот ќе влезе во трговскиот објект, утврдува дека намалувањето важи за 2-3 артикли, кои практично се во ликвидација. При интернет трговијата корисниците добро е да си направат физибилити студија за цените на стоките кои претставуваат интересни за нив, за да ја избегнат стапицата на фиктивни намалувања", советуваат од Здружението.

Многу е важно да купуваат од етаблирани онлајн продавници кои ги обезбедуваат оригиналноста и потеклото на производите.

Во Здружението за заштита на потрошувачите има добиени сигнали главно против сајтови за козметика и парфеми кои испорачуваат копии, а ја рекламираат стоката како оригинална.