Затвореник своето викенд отсуство го искористил да изврши напад со нож

Единицата за интервентна полиција Скопје уапсила затвореник кој користел викенд отуство поради напад на друго лице со нож. Тој е уапсен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„На 23.03.2024 во 15.40 часот на подрачје на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле до слобода И.Н.(43) од Скопје, осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а користел викенд отсуство. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот физички го нападнал Б.З.(34) од Скопје и се обидел да го нападне со остар предмет. Кај него бил пронајден остриот предмет. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“